Втора задолжителна обука за 2021 год.

Агенцијата за катастар на недвижности, на 16.06.2021 година (среда), со почеток од
13:00 часот, ќе ја организира втората задолжителна обука за 2021 година, наменета зa
трговците поединци – овластени геодети, на следните теми:

 ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТИ ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ и
 ПРАВИЛНИК ЗА РЕГИСТАРОТ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Презентери на горенаведените теми ќе бидат:
 Соња Димова, државен советник во АКН
 Стојче Галазовски, раководител на одделение во АКН

Заради примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија за
заштита од COVID 19 вирусот, обуката ќе се одвива on-line преку платформата
“ZOOM“.
НАПОМЕНА: Обуката е бесплатна и истата е наменета исклучиво за овластените
геодети со валидно овластување за овластен геодет.

Контакт:
Стефанија Анастасовска
мобилен: 076/456-960; фиксен телефон: 02/3204-816;
е-пошта: s.jovanova@katastar.gov.mk

Лука Мадиќ
фиксен телефон: 02/3204-816;
е-пошта: l.madik@katastar.gov.mk