СООПШТЕНИJA: Јавни тендери за извршување на консултантски услуги за консолидација на земјиште во Дабјани и Кожле

Објавени се два јавни тендери спроведени од ФАО, во рамки на проектот финансиран од Европската Унија

“Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за кои има две соопштенија во прилог:

  • Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II  – Планирање на распределба на земјиште во Дабјани ( Референтен број: 2020/CSAPC/REUDD/106757); рок за поднесување на понуди – 13 октомври (вторник) 2020 година до 09:30 часот
  • Превземи го соопштението – download

 

  • Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II  – Планирање на распределба на земјиште во Кожле ( Референтен број: 2020/CSAPC/REUDD/106855); рок за поднесување на понуди – 8 октомври (четврток) 2020 година до 09:30 часот
  • Превземи соопштение – download

 

На тендерите можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Други вести и наслови

No comments found