Известување за работењето на Комората

Почитувани,

Поради преземање на мерки за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Ве известуваме дека Комората на трговци поединци овластени геодет и трговски друштва за геодетски работи, извесно време ќе функционира по електронски пат, односно сите активности ќе се вршат по електронски пат на електронската адреса на Комората info@geokomora.mk

Секако, секретарот на Комората, Наташа Тринпаревска останува достапна на мобилниот телефонски број: 078/230 087.

Останете во добро здравје и  почитувајте ги мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство.

Со почит,

Претседател на Комора на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи

м-р Горан Јованоски, дипл.геод.инж., с.р.

Други вести и наслови

No comments found