Реализирана средба на претставници на Управниот одбор на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија со делегација од Косовската асоцијација на геодети

На иницијатива на Косовската асоцијација на геодети, на ден 12.02.2020 година во просториите на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи се одржа работна средба на која присуствуваа членовите на Управниот одбор на Комората во следниот состав:
-Горан Јованоски, претседател на УО на Комората;
-Надица Мишеска, член на УО на Комората;
-Зоранчо Муканов, член на УО на Комората;
-Елеонора Стефановска, член на УО на Комората и
-Дарко Буровски, член на УО на Комората.

Исто така, од редот на геодетските фирми-членки на Комората на состанокот беше присутен и колегата Јакуп Фетаи.

Како претставници на Асоцијацијата на геодети од Косово присутни беа:
Мурат Хоџа, претседател на Косовската асоцијација на геодети (КАС);
Албина Блакај, член на КАС- Раководител на одделот за катастар во општинскиот катастар, Приштина;
Зекирија Елези, член на КАС-лиценциран геодет;
Музафер Мустафа, лиценциран геодет и
Агим Зузаку – координатор на КАС

Состанокот го отвори претседателот на Комората, Горан Јованоски, кој ги поздрави присутните гости и истакна дека Комората e отворена за соработка со Асоцијацијата на геодети од Косово, па во таа насока предложи и официјализирање на истата со потпишување на меморандум за билатерална соработка.

На состанокот се дискутираше за начинот на организирање на геодетските фирми во рамките на Комората во Македонија, по што се направи паралела со начинот на функционирање и организација на геодетските фирми во рамките на Асоцијација во Република Косово.

Од страна на Косовската делегација беше истакнато дека моделот на организирање на приватните геодетски фирми во Комората е за поздравување и една од целите на денешната средба е да се примени токму овој модел на организирање на геодетските фирми и во Косово.

Претседателот на Комората, Горан Јованоски на косовските колеги детално им ја објасни законската и подзаконската регулатива со коишто се уредени начинот на работење на приватните геодетските компании, понатаму нивните ингеренции и надлежности, начинот на здружувањето во Комората, јавните овластувања на Комората како и активностите, целите и задачите на Комората согласно Законот за катастарот на недвижности. Понатаму, се осврна на органите на Комората, надлежностите на Собранието на Комората како највисок орган на управување, Управниот одбор и Претседателот на Комората, како и за улогата и соработката на Комората со Агенцијата за катастарот на недвижности.

Членот на УО на Комората, Зоранчо Муканов даде краток историјат на организацијата на сегашната Агенција за катастар на недвижности и се осврна на надлежностите на Агенцијата за катастар на недвижности, како и на надлежностите на приватните геодетски фирми согласно Законот за катастарот на недвижности.

Јакуп Фетаи истакна дека за да се постигне организациона поставеност на ниво на Комора по примерот на Агенцијата за катастар на недвижности, потребно е да се донесат законски измени и да се обезбеди поддршка од Владата.

Претставниците од Косово низ текот на дискусијата поставуваа прашања кои се во нивен интерес, а кои се однесуваа на електронското поврзување, дигитализацијата на катастарските планови, премеротот, којшто е во доменот на приватните геодетски друштва, Тарифникот за извршени геодетски работи и сл.

Исто така, стана збор и за Балканската асоцијација за геодети, за членството во ФИГ, како и за претстојниот настан на советот на геодети на Европа, којшто се подготвува во Скопје.

Состанокот заврши со заклучокот дека и во иднина треба да се одржуваат заеднички средби од ваков карактер во насока на размена на искуства и примена на добри пракси и решенија.

Други вести и наслови

No comments found