Одржано редовно Годишно Собрание на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи

На ден 20.12.2019 година во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа редовно Годишно Собрание на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи.

Во рамките на Собранието, поздравни обраќања имаа претседателот на Комората, Горан Јованоски, потоа заменик-директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Муса Ибраими и претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

По завршувањето на официјалниот дел, започна работниот дел на Собранието. Од вкупно 138 запишани геодетски фирми во Именикот на Комората, присутни беа 79 овластени претставници, со што беше обезбеден кворум за работа на Собранието и донесување легитимни одлуки согласно усвоениот дневен ред.

По завршувањето на Собранието се одржа 4-та задолжителна обука за овластените геодети, по што следуваше Новогодишен коктел.

На овој линк погледнете ГАЛЕРИЈА ФОТОГРАФИИ од собранието

Други вести и наслови

No comments found