Известување за Редовно Годишно Собрание на Комората

Почитувани колеги,

На Ваше запознавање и понатамошно постапување, Ве информираме дека врз основа на Одлука број: 02-370/1 донесена на редовна седица на Управниот одбор на Комората на ден 06.12.2019 година е закажано Редовно Годишно Собрание на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Р.Македонија на ден 20.12.2019 година во хотел Александар Палас – Скопје.

Во прилог на дописот се наоѓа Поканата со Предлог-дневниот ред на
Редовното Годишно Собрание на Комората.

ПРЕВЗЕМИ Известување .pdf download
ПРЕВЗЕМИ Работни материјали .zip download

Врз основа на Деловникот за работа на Собранието на Комората согласно член 14 став (1) и став (2), Ве информираме дека предлозите за дополнување на постојните или внесување на нови точки во дневниот ред може да поднесе секој член на Комората, најдоцна во рок од 3 дена од денот на доставувањето на поканата.
За дневниот ред со дополнета содржина Комората ги информира сите членови на Собранието најдоцна наредниот ден по приемот на предлогот преку електронска пошта и со објава на интернет страницата на Комората.
Воедно, Ве потсетуваме дека на Собранието доколку присуствува претставник на трговското друштво за геодетски работи, а истиот не е законски застапник на фирмата, потребно е да достави Полномошно за присуство на Редовното Собрание, потпишано од управителот на трговското друштво за геодетски работи.

Исто така, Ве потсетуваме дека со себе е потребно да ги понесете легитимациите со називот на фирмите, коишто Ви беа дадени на Собранието, одржано на 23.09.2017 година во х.Континентал-Скопје.
Како резултат на напорите за зачувување на здрава животна средина, подигнување на свеста за здрава околина и намалување на отпадот, известуваме дека на престојното Собрание од страна на Комората НЕМА да бидат изготвени работни материјали во печатена форма. Согласно обврската на Управниот одбор на Комората, работните материјали ќе бидат навремено доставени во дигитална форма на вашите електронски адреси и ставени на интернет страницата на Комората,
www.geokomоra.mk

Со почит,

Претседател на Комора на трговци
поединци овластени геодети и трговски
друштва за геодетски работи
м-р Горан Јованоски, дипл.геод.инж., с.р.

Други вести и наслови

No comments found