ДОДЕЛЕНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ДИПЛОМСКА РАБОТА ОД ОБЛАСТА НА ГЕОДЕЗИЈАТА

На ден 16.10.2019 година (среда), на Градежниот факулет во Скопје се одржа пригодна манифестација по повод прославата на Јубилејот 70 години постоење на оваа високо образовна институција. Во рамките на погореспоменатиот Јубилеј, новоизбарниот Декан, проф.Златко Србиноски ја истакна улогата на оваа престижна институција низ годините наназад, потенцирајќи ја нејзината улога во градењето на општеството во вистинскa смисла на зборот, а особено во процесoт на градење и образување на висококвалификуван кадар од овој технички профил.

Во првиот дел на настанот, после поздравното обраќање на Деканот Србиноски, беа врачени и Плакетите за трајни вредности и долгогодишна соработка на Градежниот факултет со повеќе институции и организации од земјата, меѓу кои и плакетата за повеќегодишната соработка на Градежниот факултет со Комората на трговски друштва за геодетски работи, за што претседателот на Комората, м-р Горан Јованоски искажа огромна благодарности се обрати со поздравен говор до присутните на настанот.

Вториот дел од манифестацијата се однесуваше на доделување на награди за најдобри дипломски работи од областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата. Традиционално, Комората на трговски друштва за геодетски работи, доделува Пофалница и парична награда за најдобра дипломска работа од областа на геодезијата. Оваа година наградата му беше доделена на Бојан Бојчоски, дипл. геод.инж. од Пехчево, за дипломската работа на тема: Одредување на трансформациски параметри за населено место Будинарци Колегата Бојчоски, примајќи ја Пофалницата изрази огромна благодарност за доделената награда. Во продолжение, тој до сите присутни на настанот се обрати со поздравен говор, потенцирајќи дека оваа награда му е многу драга и претставува признание за вложениот труд, макотрпна работа и стекнат капацитет на знаење во процесот на неговото школување на Градежниот факултет-отсек Геодезија.

Во третиот и последен дел на прославата, од страна на Градежниот факултет-Скопје, како и од неколку други институции беа доделени стипендии за школување на студенти од сите циклуси на школкувањето како знак на поддршка и признание за стекнатиот висок просек во процесот на нивното образование, но и како дополнителен мотив и поттик да продолжат со истото темпо и понатаму во процесот на школувањето и личната надградба.

Други вести и наслови

No comments found