ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМОРАТА ПО ПОВОД ОДРЖУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ГЕОДЕТИ НА ЕВРОПА ВО ИСТАНБУЛ, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Со задоволство информираме за реализираната посета на претставниците на
Комората на трговски друштва за геодетски работи по повод одржувањето на Годишното
Собрание на Советот на геодети на Европа, во Истанбул, Р.Турција, во периодот од 26-28
септември 2019 година.
Традиционално, на покана на Советот на геодети на Европа во рамките на
одржувањето на есенското издание на Годишното собрание на ЦЛГЕ, двајца претставници
од редот на Комората, м-р Никола Рибароски и м-р Надица Мишеска, членови на
Управниот одбор на Комората, во улога на официјални делегати, присуствуваа на
погореспоменатиот настан.
Присуството на ова Собрание е многу значајно од повеќе аспекти, со оглед на фактот што
Комората на трговски друштва за геодетски работи е полноправна членка на Советот на
геодети на Европа, уште од месец мај 2011 година, но во конкретниот случај, најголем
акцент беше ставен на презентацијата, којашто беше презентирана од страна на Надица
Мишеска. Таа се состоеше од кратки информации за Комората, како и настани поврзани
со функционирањето и работењето на Комората во последните шест месеци, од причина
што на претходното Собрание на ЦЛГЕ, одржано во месец март во Софија, Р.Бугарија
беше прикажана комплетна презентација за поставеноста, целите и задачите на Комората
на трговски друштва за геодетски работи. На крајот на презентацијата, беше прикажана
кратка видео презентација за Скопје, којашто претставува еден вид на колаж на сите
историски и културни знаменитости карактеристични и препознатливи за градот,
вклучително и избраниот хотел Хилтон, како централно место на одржување на
планираниот настан, односно пролетното Годишно Собрание на ЦЛГЕ, закажано во
периодот 02-04. Април 2020 година. Како признание за сработеното, по завршувањето на
презентацијата, салата била исполнета со громогласен аплауз од сите делегати присутни
на Собранието.

На официјалното затворање на Собранието, пропратено со чинот на
примопредавање на организацијата на Собранието, од страна на турските колеги било
врачено и знамето на ЦЛГЕ како еден од симболите на Советот на геодети на Европа. Во
таа прилика претставникот на Комората, Никола Рибароски ги поздравил присутните
делегати и во име на Комората ги поканил во што поголем број да дојдат на наредното
Собрание закажано во Скопје.

Други вести и наслови

No comments found