СООПШТЕНИЕ – Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија Фаза. II и III

Почитувани колеги,

Би сакале да ве информираме дека во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број:2019/CSAPC/FOMCD/102054) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија Фаза. II и III – Планирање на распределба на земјиште и дизајн на интервенции во земјоделска инфраструктура во Соколарци, Спанчево, Оптичари и Логоварди”.

Врз основа на резултатите од физибилити студиите неодамна спроведени во горе-надеведите четири консолидациони подрачја, тендерираните услуги што ќе треба да се спороведат во рамки на оваа нова проектна фаза, вклучуваат: проценка на вредноста на земјиштето, технички дизајн на земјоделската инфраструктура во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште и друга релевантна легислатива, подготовка на планови за распределба преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиште, изработка на геодетски истражувања, обележување на границите на новите земјишни парцели во проектното консолидационо подрачје.

Геодетските компании кои се заинтересирани да учествуваат треба да бидат регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на:https://www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат.  После успешна регистрација  компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал  (https://www.ungm.org/Account/Account/Login).

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е понеделник, 5 Август, 2019 до 08:30 часот (по централно европско време).

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште” –
или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра). Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година.
Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.
Веб страна на проектот: www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/mk/

За повеќе информации во врска со ова соопштение за медиуми контактирајте со:
Радмила Славкова, Национален експерт за комуникации (ФАО)
тел: +389 (0)71 21 23 08
E-mail: radmila.slavkova@fao.org

Овој канал не треба да се користи за да се добијат појаснувања за прашања поврзани со самиот тендер. За таа цел треба да се користат исклучиво канали наведени во тендерската документација.