Известување за одржување на 2-ра обука наменета за трговците поедници овластени геодети

Почитувани колеги,

Во продолжение на Ваше запознавање, Ви го препраќаме Соопштението за закажан термин за

2-рата задолжителна обука за овластените геодети за 2019 година, којашто ја организира

Агенцијата за катастар на недвижности.

Ви посакуваме успешна едукација.

Со почит,

Наташа Тринпаревска

———————-

Почитувани,

Ве известуваме дека Агенцијата за катастар на недвижности, на16.05.2019 година (четврток) и 17.05.2019 година (петок), во просториите на Градежниот факултет – Универзитет  Св.Кирил и Методиј – Скопје (Компјутерски Центар), ќе ја организира втората задолжителна обука за 2019 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети, на тема:   

ДИСТРИБУИРАНИ СЕРВИСИ ВО ГеоИС ОКОЛИНА

Презентер на горенаведената тема ќе биде:

  • доц. д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, катедра за геодезија

Целосното соопштение за одржување на обуката е објавено и на веб страната на АКН.

 

Соопштението потребно е да биде поставено и на Вашата веб страна и доставено по електронска пошта на адресите на геодетските фирми.

 

Со почит,

 

 

Бојан Анастасов

Раководител на сектор за координација на

меѓународни и национални активности

(AREC INTERNATIONAL),

Агенција за катастар на недвижности

ул.Трифун Хаџи Јанев бр.4

Скопје, Македонија

+389 2 3204 860

+389 76 456 968