Дополнување на предлог-дневниот ред на Собранието

Почитувани колеги,

Во врска со одржувањето на Редовното Годишно Собрание на Комората,
на Ваше запознавање, Ве информираме следно:
– Согласно Поканата со предложен-дневен ред за претстојното Редовно Собрание на Комората,
закажано за 20.10.2018 година (сабота) во х.Романтик-Велешко Езеро,
до електронската адреса на Комората во законски предвидениот рок е доставен допис за дополнување
на предлог-дневниот ред на Собранието со нова точка:
– Гласање за доверба на претседателот и Управниот одбор на Комората.
Овој предлог е доставен од страна на две членки на Комората:
– ГЕО ПРЕМЕР-КАЉКОВ ДООЕЛ од Скопје и
– ГЕО-ПАРТ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО од Скопје.
Со почит,
Наташа Тринпаревска

*Секретар на Комора на трговски*
*друштва за геодетски работи на РМ *

Други вести и наслови