Студентите по геодезија Предраг Лазаревски и Стефан Димитриевски во конкуренција од 10 постери го освоија првото место

Комората на трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, чија што основа цел е развој, промоција и унапредување на приватната геодетска дејност во земјата, повеќе години наназад е активен и неуморен поддрржувач на младите студенти по геодезија на Градежниот факултет од Скопје.

Имено, во рамките на своите редовни активности, а притоа имајќи го во предвид скромниот и ограничен буџет со којшто располага, неколку години наназад, Комората излегува во пресрет на реалните потреби на студентите по геодезија во делот на посетување и учество на интернационални конференции и настани со цел овозможување на помасовно присуство на младите геодети од земјава.

Со огромно задоволство, Ве информираме дека оваа година на Регионалниот студентски геодетски собир, RGSM, којшто се одржа во месец јуни 2018 година во Валенсија, Кралството Шпанија, младите студенти по геодезија Предраг Лазаревски и Стефан Димитриевски во конкуренција од 10 постери го освоија првото место и стекнаа награда за најуспешно изработен постер.
Им честитеме на младите колеги за освоената награда и им посакуваме да нижат уште безброј успеси на професионален и личен план!

Постерот погледнете го на овој ЛИНК – view – download

Благодарница на овој ЛИНК – download

Други вести и наслови