Учество на XXVI Конгрес на Меѓународната федерација на геодети – ФИГ

На покана на турскиот концерн “ХАРМИАД” претставници на Комората на трговци
поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија и
Агенцијата за катастар на недвижности присуствуваа на XXVI Конгрес на Меѓународната
федерација на геодети – ФИГ, којшто се одржа во Истанбул, Република Турција, во периодот од 6-
ти до 11-ти мај 2018 година.

Покрај Генерално Собрание на ФИГ, коешто се одржа во два дела, беа организирани и
четири пленарни сесии, единаесет технички сесии поделени во 8 групи и состанок на работните
комисии. Во рамките на Конгресот беше организирана и изложба на професионалните приватни
компании и неколку јавни институции.
Годинава на Конгресот, главна тема беше “Прифаќањето на нашиот паметен свет каде
што континентите се поврзуваат и подобрување на геопросторната зрелост на општествата”
во чии рамки се разгледуваа и дискутираа важни теми и прашања поврзани со меѓународната
геодетска заедница, додека посебен фокус беше ставен на мотивацијата на геодетите од целиот
свет во насока на подобрување на вештините и квалификациите за „Геопросторната
трансформација на светот“, зашто беа презентирани најдобрите практики од различни
организации.

Во рамките на Конгресот од страна на Македонската делегација беа остварени бројни
средби и состаноци. Најпрво со претседателката на ФИГ – проф.д-р Криси Потсиу, понатаму со

заменик-претседателот на ФИГ – д-р Орхан Ерџан, со претседателот на Концернот “Хармиад”, г-
дин Хасан Булет, со заменик-директорот на Генералниот директорат за земјишна регистрација и

катастар на Република Турција, г-дин Седат Бакици, со претседателот на Сојузот на геодети на
Република Бугарија, г-дин Иван Калчев, со преставникот на Јапонската федерација на геодети, со
претставниците на Комората на геодети на Гана, како и со претставниците на Холандскиот,
Шведскиот и Норвешкиот катастар.

На овие средби беа дискутирани актуелните состојби во кои функционираат приватните
геодетски компании во Република Македонија, како и ситуацијата на геодетските компании во
нивните земји, по што како заеднички заклучок се наметна потребата за интензивирање на
средбите, а со цел изнаоѓање на начини на меѓусебно поврзување, заедничка соработка и настап во
разни меѓународни проекти, поддржани од коморите.
Во рамките на вториот дел на Конгресот, беше одржан избор за нов претседател и Управен
одбор на ФИГ на којшто со мнозинство гласови за нов претседател за периодот 2019-2022 година
беше избран професор д-р Рудолф Штајгер од Германија. Исто така, беше одлучено наредниот
Конгрес на ФИГ во 2022 година да се одржи во Кејп Таун, Јужна Африка.