ОДРЖАНА 2-РА ОБУКА ЗА ОВЛАСТЕНИТЕ ГЕОДЕТИ ЗА 2018 година

SONY DSC

На ден 10.05.2018 година во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје беше одржана 2-та обука за овластенитете геодети за 2018 година. Како што истакна модератотот на обуката, Лидија Крстевска во рамките на TAIEX проектот, кој е поддржан од Европската Комисија, на огромно задоволство на Агенцијата за катастар на недвижности и на Комората на трговски друштва за геодетски работи за оваа обука на овластените геодети како гостин и презентар го имаме г.Томаж Петек, кој доаѓа од Република Словенија.

Г.Петек како долгогодишен пријател на Македонија е специјалист во јавниот сектор со големо искуство во областа на геодетскиот систем, геоинформациите, катастарот на земјиште, инфраструктурата на просторни податоци, како и управување со регионалните геодетски власти. Вработен е во Управата за геодетски работи и мапирање на Република Словенија, но неговата богата професионална кариера бележи и активности на проекти во меѓународни организации, како на пример: EuroGeographics, ОН ГГИМ за Европа, INSPIRE Програмата, Проектот за животна средина на Светска банка и итн.

Неговиот престој во нашата земја е искористен за споделувања на искуства, најдобри практики и презентации од геодетската дејност во Р.Словенија, поточно објаснувања за законската рамка и организациската поставенот на геодетската дејност во Словенија. Понатаму, тековните проекти поврзани со модернизирање на процесот на регистрација на недвижностите во Р.Словенија, како и поставеноста и улогата на приватниот сектор и на Комората на овластените геодети, којашто се карактеризира со големи јавни овластувања како нејзините права, но и одговорности во поглед на едукацијата, издавањата на лиценци за овластените геодети, вршењето на контролата и надзорот на работењето на приватните геодетски компании и соработката со Геодетската управа на Р. Словенија.

Од презентацијата на г. Петек, колегите се информираа како системски е организирана геодетската дејнот во Р.Словенија. Во рамките на јавниот сектор постои Геодетска управа на Р.Словенија, понатаму Геодетски институт како Јавен завод, којшто работи за Управата и Министерствата, и постоење на локални геодетски служби. Тој истакна дека во моментов во Геодетската управа на Р.Словенија има 469 вработени, распоредени на 42 локации, но со оглед на тоа дека сè повеќе електронски се одвива работењето, во блиска иднина како службени одделенија на Управата би биле вкупно 40.

Во Словенија е карактеристично постоењето на Земјишната книга и Зејмишниот катастар од чијашто база на податоци во 2006 година се формирал Катастарот на згради, односно Регистарот на недвижности од каде произлегува и категоријата-Масовна проценка.

Повеќе од 10 години, податоците се издаваат дигитално преку 16 ГНСС станици и за нивно одржување се задолжени Управата и Институтот. Управата, согласно Директивата на Европската Унија, креира политика на отворени податоци-бесплатно располагање со системот, така што нејзиното функционирање е целосно на товар на буџетот на државата.

Сите потребни податоци, освен личните податоци се објавени и достапни на интернет страницата на Управата за геодетски работи.

Што се однесува до приватниот сектор во геодетската дејност, важна карактеристика е дека севкупниот оперативен дел е во надлежност на приватните геодетски компании. Клучна улога има Комората на инженери, во која членките се поделени во неколку секции, односно одделенија со инженери од разни области, на пример: машински, градежни, електро, геодетски, сообраќајни, противпожарни и итн. Во моментов, активни се 271 приватна геодетска компанија и 412 геодетски инженери односно таканаречени-одговорни геодети, кои се впишани во Именикот на Комората на инженери од областа на геодетските работи. Исто така, Комората има јавни овластувања за спроведување на испит за стекнивање на звање-одговорен геодет, како и вршење контрола (редовна и вонредна) и инспекциски надзор на работењето на приватните геодетски фирми на 1% од членките на годишно ниво.

Што се однесува до Тарифникот за висина на надоместокот за вршење на геодетски работи од 2000 година па наваму согласно Законот за геодетска дејност, истиот е ставен надвор од употреба, единствено може да се користи како препорака во евенуалното формирање на цените.

Што се однесува до образованито на геодетските инженери, на годишно ниво се запишуваат околу 60 студенти на Факултетот за геодезија во Љубљана и студиите ги завршуваат 30-40 студенти од првично запишаните. Важно е да се истакне дека од 2016 година мнозинството од дипломираните студенти се вработуваат во приватниот геодетски сектор во земјата и странство, но не и во Управата за геодетски работи, каде што старосната граница на вработените е мошне висока.

Со новата измена на Законот за инженерско-архитектурна дејност, која стапува на сила од 01.06.2018 година, како новитет согласно Директивата за меѓусебно признавање на квалификациите е предвидено после завршувањето на мастер студиите од областа на геодезијата, лицето да обавува пракса, следена од соодветен ментор во времетраење од 2 години.

Во рамките на посетата на г.Петек на нашата земја, покрај обуката за овластените геодети вработени во приватниот сектор, на 8-ми мај 2018 година, одржана е Работилница за Адресен регистар, наменета за градоначалниците и за вработените во Единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС, којашто е во согласност со заложбата на Владата на Р.Македонија за возобновување на просторот и урбанистичкото планирање и развој на геодетската дејност. Ваква работилница е планирана и како една од наредните обуки, наменети за овластените геодети согласно Програмата за обуки на Агенцијата за катастар на недвижности.

Линк за преземање на целосната презентација е следниот: https://drive.google.com/open?id=1rA5e98Hcg4m3Euj0RAy5JdhkfqIekaUz