РЕАЛИЗИРАНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМОРАТА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ГЕОДЕТИ НА ЕВРОПА ВО ПРИШТИНА, 19-21.04.2018

На покана на Советот на геодетите на Европа, делегација од Комората на трговски друштва за геодетски работи во состав: Никола Рибароски, Наташа Тринпревска и Нијаз Даути, заедно со претставниците на  Агенцијата за катастар на недвижности Соња Димова, Зоранчо Муканов и Зоран Бузлиев, реализираа посета на Семинарот и Годишното Собрание на ЦЛГЕ, коишто се одржаа во периодот од 19-21 април 2018 година во Приштина.
Во рамките на настанот беше организиран Семинар на тема: Легализација на
дивоизградените објекти и делови на објекти, каде Агенцијата и Комората се претставија со
заедничка презентација, која предизвика интерес кај присутните членки на ЦЛГЕ.
Потоа следуваше Прославата во чест на геодетот за 2018 година, Карл Ритер Фон Гега,
чијшто постер за првпат беше објавен на 21.03.2018 година во Вашингтон, САД со
воведувањето на Глобалниот ден на геодетите.
Наредните два дена беа во знакот на одржувањето на Годишното Собрание на ЦЛГЕ,
на коешто овој пат беа присутни голем број делегации од цела Европа. На крајот на
Собранието беа организирани две работилници на коишто активно учество зедоа и
претставниците на македонската делегација.
Целиот настан го карактеризираше одлична атмосфера, професионално дружење меѓу
колегите и размена и споделувања на искуства од областа на законодавството и праксата во
геодетската дејност.