Одржана трибина за предложените законските измени на постојниот Закон за катастар на недвижности

На иницијатива на Комората на трговски друштва за геодетски работи на Република
Македонија на 02.02.2018 година на Градежниот факултет во Скопје се одржа јавна
трибина по однос на предлог-измените на постојниот Закон за катастар на
недвижности, изготвени од страна на Работна група составена од 12 претставници од
редовите на Агенцијата за катастар на недвижности и двајца претставници од редот на
Комората.
Одзивот на членките на Комората не беше на задоволително ниво, но затоа пак,
колегите присутни на настанот, активно учествуваа во давање свои предлози , мислења
и сугестии по однос на членовите-предмет на измените на Законот за катастар на
недвижности.
Најпрво, Трибината ја отвори претседателот на Комората, м-р Горан Јованоски, кој
истакна дека ова е првпат во предлог-измените на Законот за катастар на недвижности,
активно со свои претставници да учествува и Комората, но и за првпат се организира
Јавна расправа-Трибина каде што на транспарентен начин, приватните геодетски
фирми се запознаени со предложените измени на законот.
Понатаму, од страна на координаторот на Работната група, Елеонора Стефановска,
споредбено, член по член беа образложени членовите, кои се предмет на измените на
постојниот закон.
Претставниците на приватните геодетски фирми зедоа активно учество во расправата,
со свои конкретни предлози, истакнувајќи ги деловите на постојниот закон, каде е
потребно да се интервенира, во кој дел е неопходно да се даде јасна дефиниција, кои
ставки од постојниот закон е потребно да се избришат и итн., сè со цел да се подобри
амбиентот за работа на приватните геодетски фирми, работењето да биде поефикасно,
да се разграничат и јасно дефинираат ингеренциите на Агенцијата за катастар на
недвижности и приватниот сектор, а со тоа во крајна линија би се постигнал резултат
на задоволни странки.
Заеднички заклучок на присутните на Трибината беше дека расправите од овој тип се
многу корисни и добредојдени во насока на подобрување на работењето на двете
инстутуции од областа на геодетската дејност, со тоа што со оваа Трибина се покажа

дека во иднина е потребно да се организираат Трибини по конкретни области од
геодезијата. Овој настан не треба да биде инцидентен, туку да прерасне во редовна
практика, односно во иднина елементите на ваквите трибини да бидат составен дел и
во рамките на Годишната програма на редовните обуки за овластените геодети.

Други вести и наслови