Новогодишна честитка

Почитувани членки на Комората,
Драги колеги и пријатели,

Полека ги трошиме последните денови од оваа 2017 година и се приближуваме кон
едно празнично расположение. Празниците се убава прилика да Ви се заблагодариме
на досегашното дружење и професионалната соработка и да посакаме истото да
продолжи и понатаму.
Од сè срце им се заблагодарувам на моите колеги од Управниот одбор на Комората со
коишто неуморно работевме и се залагавме за доброто на сите нас, понатаму упатувам
благодарност до членовите на Комисијата за лиценци, коишто беспрекорно ја вршеа
својата работа во текот на целата година, како и посебна благодарност изразувам до
членовите на Работната група за изготвување на новиот Тарифник, со коишто имавме
одлична релација и со високото професионално ниво покажаа дека се на висина на
поставената задача.
Ја користам оваа прилика, да се заблагодарам и на нашиот секретар на Комората,
којашто постојано ја следи нашата работа и со исклучителна посветеност пристапува
кон зададените задачи.
Годината што е пред нас, ќе биде полна со предизвици како на домашен терен, така и
надвор, поврзано со нашите ангажмани и активности околу донесувањето на
Тарифникот за вршење на геодетките работи, потоа измените на Законот за катастар на
недвижности и генерално подобрување на севкупниот амбиент за работа на приватната
геодетска фела, но истовремено и нашата заложба, нашата Комора и земја да ги
претставиме во најдобро можно светло во рамките на Советот на геодетите на Европа.
Нека Новата 2018 Година и Божиќните празници Ви донесат неизмерна радост, спокој
и просперитет опкружени со Вашите сакани.
Ви посакувам здравјето, љубовта и успехот да Ве пратат низ целата 2018 година.

м-р Горан Јованоски, дипл.геод.инж.
Претседател на Комора на
трговски друштва за геодетски работи

Други вести и наслови