Известување за одржана V-та обука за овластените геодети

SONY DSC

На 11.12.2017 година, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности беше организирана V-та редовна обука за овластените геодети, воедно и последна обука за 2017 година.

Настанот се одржа во Тренинг центарот М6, каде што посетеноста од страна на членките на Комората беше огромна и се бараше столче повеќе. За прв пат како предавачи на обуката беа поканети првите луѓе на Советот на геодети на Европа или накусо ЦЛГЕ, односно презентациите ги држеа, претседателот на ЦЛГЕ, Морис Барбиери, генералниот директор, Жан-Ив Пирло и Дитер Зајц, задолжен за финансиските прашања на организацијата.

Во одлична амтосфера, по поздравниот говор на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев и обраќањето на претседателот на Комората, Горан Јованоски, започна обуката, на којашто презенираните теми за најдобрите европски пракси поврзани со континуирана едукација за овластените геодети, понатаму, Кодексот на европските геодети, Директивата на услуги и меѓусебно признавање на професионалните квалификации, како и најдобрите европски пракси, поврзани со регулирањето на геодетската дејност со дадени примери од Швајцарија, Германија и Белгија, предизвикаа огромен интерес кај присутните колеги.

По завршувањето на едукацијата, коментарите и дискусиите на колегите беа во насока дека ова е можеби најдобрата обука направена досега, со огромен број на информации и споделено искуство на гостите кои се показаа како исклучително кооперативни и отворени за доскусија.

Во рамките на пријатна и опуштена атмосфера после обуката, за време на традиционалниот Новогодишен коктел, организиран од страна на Комората, продолжи и неформалното дружењето меѓу колегите од приватните геодетски фирми и гостите од Агенцијата за катастар на недвижности и професорите од Катедрите за геодезија и за Виша геодезија.

НА ОВОЈ ЛИНК ПОГЛЕДНЕТЕ ГАЛЕРИЈА ФОТОГРАФИИ ОД НАСТАНОТ >>

Презентациите од наведената обука можете да ги преземете преку следните линкови: