Известување за одржана 22-ра седница на УO на Комората

На ден 01.12.2017 година беше одржана 22-та седница на Управниот одбор на Комората на трговски друштва за геодетски работи на којашто, Управниот одбор со обезбеден кворум од 6 членови одлучуваше по едногласно усвоениот и дополнет предлог-дневен ред на седницата.

На споменатата седница, се дискутираше за успешното одржување на Семинарот, одржан во Струмица во периодот од 24-26 декември 2017 година, на којшто имаше конструктивни дискусии од присутните колеги, кои секако допринесуваат за понатамошен развој на геодетскиот сектор.

Особено внимание и дискусија беше посветено на одржувањето на настанот, закажан за 11.12.2017 година, кога во Скопје доаѓаат високите претставници на Советот на геодети на Европа или скратетно ЦЛГЕ и тоа во состав:

  • Г. Морис Барбиери, во својство на претседател на ЦЛГЕ,

  • Г.Жан-Ив Пирло, генерален директор на организацијата со седиште во Брисел и

  • Г.Дитер Сеитц, одговорен за финансиските прашања на ЦЛГЕ.

Нивното присуство и професионален капацитет ќе биде искористен во рамките на одржувањето на V-та редовна обука за овластените геодети за 2017 година, на којашто со своите презентации ќе се обратат до овластените геодети и ќе ги информираат на следните теми:

  • Совет на геодети на Европа, улога, цели и предизвици;

  • Кодекс на европските геодети;

  • Најдобри европски практики поврзани со континуирана едукација на овластените геодети;

  • Директивата на услуги и меѓусебно признавање на професионалните квалификации и

  • Најдобри европски пракси поврзани со регулирањето на геодетската дејност.

По завршувањето на нивните излагања, предвидени се прашања и дискусии од присутните на обуката, по што следува традиционалниот Новогодишен коктел во организација на Комората, на којшто покрај членките на Комората се поканети и претставници на Агенцијата за катастар на недвижности, како и професорите и научниот кадар од Катедрата за геодезија и Катедрата за виша геодезија при Градежниот факултет во Скопје.

Во продолжение на седницата беа разгледувани дописи од колеги, кои се однесуваат за секојдневното работење на приватните геодетски фирми, а истите ќе бидат земени во предвид при организирањето и одржувањето на работни состаноци со Агенцијата за катастар на недвижности и други релевантни институции, со цел изнаоѓање на оптимални решенија и солуции во решавањето на предметите.