Известување за одржување на 5-та редовна обука наменета за трговците поединци овластените геодети

Почитувани колеги,

Со задоволство Ве информираме дека на 11.12.2017 година (понеделник), во Тренинг центарот М6 во Скопје, (кој се наоѓа веднаш до фабриката Алкалоид во нас. Автокоманда), со почеток во 16,00 часот е закажана V-та редовна обука за овластените геодети за 2017 година.

Овој пат, навистина имаме ретка можност како предавачи на споменатата обука да бидат првите луѓе на Советот на геодетите на Европа (ЦЛГЕ), чијашто полноправна членка е и Комората на трговски друштва за геодетски работи на РМ, уште од месец мај 2011 година.

Тема на претстојната обука е законската регулатива за геодетската дејност-презентација на најдобрите европски пракси, кои ќе бидат претставени од страна на:

– Г. Морис Барбиери, актуелен претседател на Советот на геодети на Европа (ЦЛГЕ);

– Г. Жан-Ив Пирло, генерален директор на (ЦЛГЕ) со седиште во Брисел;

– Присутен на споменатиот настан ќе биде и г.Дитер Сеиц, којшто е задолжен за финансиските прашања на организацијата.

Воедно, Ве информираме дека Агенцијата за катастар на недвижности како организатор на обуката има обезбедено симултан превод од Англиски на Македонски јазик и обратно,
со цел, предавањето да биде лесно приемчиво и разбирливо за колегите, коишто послабо го владеат англискиот јазик, а по завршувањето на презентацијата на гостите, оставена е можност за поставување на дополнителни прашања од страна на присутните колеги.

Традиционално, Комората на трговски друшта за геодетски работи, непосредно по завршувањето на последната обука за овластени геодети за тековната година, организира Новогодишен коктел, така што и оваа година во терминот од 18.00 до 19.30 часот,
Ве покануваме на неформално дружење во пријатна атмосфера.

Во очекување на Ваш одзив за погореспоменатиот настан, Ве поздравуваме.

Други вести и наслови

No comments found