Известување за тестирање на софтверот за Графички регистар на градежно земјиште

Почитувани колеги,

Ве информираме дека на 04.05.2017 (четврток) година беше реализирана обуката на пријавените геодетски фирми за тестирање на Регистарот на градежно земјиште, софтвер, којшто е изработен од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, а финансиран од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
Врз основа на соработката меѓу Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи и Агенцијата за катастар на недвижности ги повикуваме останатите геодетски фирми да се пријават за овој тип на обука, којашто во периодот што следува повторно ќе се организира од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.
Сите заинтересирани фирми, коишто би сакале да земат учество во погореспоменатото тестирање е потребно да се пријават на електронската адреса на Комората: info@geokomora.mk до крајот на месец мај 2017 година.

Со почит,

Претседател на Комора на трговци поединци овластени геодети
и трговски друштва за геодетски работи

м-р Горан Јованоски, дипл.геод.инж., с.р.