ПРВА ОБУКА ЗА ОВЛАСТЕНИ ГЕОДЕТИ, ОДРЖАНА НА 27.02.2017 ГОДИНА НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:

ПСЕВДОЛИТИ, изготвена и презентирана од м-р Љубиша Китановски, дипл.геод.инж.

Врз основа на Планот и Програмата за задолжителна обука на овластените геодети за 2017 година, на ден 27.02.2017 година, во Амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, се одржа Првата обука за овластените геодети за оваа година.

Пред почетокот на обуката се изврши доделување на Сертификатите за посетена обука за овластените геодети за 2016 година, по што следуваше презентацијата на темата за Псевдолити, изготвена и презентирана од м-р Љубиша Китановски, дипл.геод.инж. од Тетово.

Излагањето на колегата Китановски беше на високо професионално ниво, поткрепено со факти и релевантни информации, иако, како тема можеби малку далечна за приватната геодетска пракса во нашата земја, предизвика особен интерес кај присутните на презентацијата, од причина што колегата Китановски на мошне приемчив и едноставен начин ги доближи карактеристиките и работната практика и процеси на Псевдолитите, како алатки од општ аспект, но и нивната актуелна применливост во областа на инженерската геодезија.

Несомнено, погореспоменатата презентација претставува едно несекојдневно инспиративно доживување, коешто ќе биде предизвик во иднина за останатите колеги од фелата да се претстават со свои квалитетни излагања.


ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ППТ НА ОВОЈ ЛИНК