Oдржан втор состанок меѓу Комората и Агенцијата за катастар на недвижности

На ден 05.10.2016 година се одржа вториот работен состанок меѓу претставниците на Комората на трговски друштва за геодетски работи и претставниците на Агенцијата за катастар на недвижности, на којшто беа дефинирани заеднички заклучоци по однос на Записникот од одржаниот состанок на 29.07.2016 година, коишто во најкус временски период ќе бидат доставени до приватните геодетски фирми и до одделенијата на Агенцијата за катастар на недвижности со што во голем дел ќе се олесни тековното работење на геодетските фирми.

SONY DSC
SONY DSC