Отворени денови на АКН со приватните геодетски фирми

SONY DSC

Во духот на партнерските релации, којшто претставува еден од приоритетите на Комората на трговски друштва за геодетски работи и на Агенцијата за катастар на недвижности, како и во насока на надминување на предизвиците со кои се соочуваат приватните геодетски фирми во земјата, ве информираме за воведување на новитет, во делот на соработката помеѓу Комората и Агенцијата.

Имено, во рамките на веќе добро познатата пракса на колегите од Агенцијата за катастар на недвижности во “ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ СО ГРАЃАНИТЕ”, каде што на непосреден начин во директен контакт со вработените од катастарот, граѓаните се обраќаат и добиваат конкретни информации и одговори за решавање на проблемите поврзани со имотно-правните состојби на нивните имоти, со задоволство ве информираме дека за прв пат оваа година, на иницијатива на Комората на трговски друштва за геодетски работи, Агенцијата за катастар на недвижности излезе во пресрет на нашето барање преку воведување на “ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ СО ПРИВАТНИТЕ ГЕОДЕТСКИ ФИРМИ”, согласно изготвена агенда во временскиот период од октомври 2016 до февруари 2017 година во сите подрачни одделенија на катастарот.

На претставниците на приватните геодетски фирми ќе им биде овозможена посета на задолжителна интерактивна обука за овластените геодети, како и воспоставување на непосреден контакт за консултација и добивање на релевантни информации од службениците на Агенцијата.

Сметаме дека на овој начин, заложбите на Комората и потребите на вработените во приватните геодетски фирми ќе се реализираат на најдобар можен начин.

Фотографии од настанот

SONY DSC

SONY DSC
Скопје, 05.10.2016