Комората со свој претсавник на работилница од проектот GI-N2K во Софија, Р.Бугарија

На 01.09.2016 год. во Софија (Р.Бугарија) се одржа работилница на проектот GI-N2K, во организација на асоцијацијата за геопросторни информации на југоисточна Европа (AGISEE) i Geo-SEE институтот од Скопје, со локална поддршка на Бугарската картографска асоцијација, додека домаќин на настанот беше Бугарската Академија на Науките. Претставник на нашата комора, на овој настан, беше членот на УО – м-р Никола Рибароски, дипл.геод.инж.
Проектот GI-N2K има за цел да изврши унификација на стручниот и научниот дел од областа на Географските Информации, унифициран пристап кон разработка на наставните планови и програми во академската заедница, како и поддршка на приватниот, невладиниот и владиниот сектор во областа на Геопросторните податоци. Новиот BoK е прифатен од страна на директивата INSPIRE и многу релевантни меѓународни стручни организации, како основа за стандардизиран развој на областа GIS&T (Geographic Information Science and Technology) во целиот свет.
Во рамките на работилницата, покрај презентациите на проектните резултати, беа промовирани и веб апликации на VirLaBoK (BoK Wiki & CDTool), преку практични вежби за тестирање со истите.
Фотографии од настанот
[supsystic-gallery id=’5′]