Работен состанок на претставници на Комората со Агенцијата за Катастар на Недвижности

На барање на претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи, на ден 29.07.2016 година, во Агенцијата за катастар на недвижности се одржа Работен состанок на којшто, во својство на претставници на Комората присуствуваа м-р Горан Јованоски,дипл.геод.инж., претседател на Управниот одбор на Комората и Надица Мишеска, дипл.геод.инж и Нијаз Даути, дипл.геод.инж., членови на Управниот Одбор на Комората.
Врз основа на одржаната 5-та редовна седница на Управниот одбор на Комората на ден: 22.07.2016 година, согласно доставените дописи од неколку приватни геодетски фирми, беа детектирани потешкотии во секојдневното работење и функционирање на приватните геодетски фирми, со што на состанокот, истите беа образложени, и беше побарано појаснување, за што од страна на претставниците на Агенцијата беше покажан интерес во насока на изнаоѓање на соодветни начини и решенија овие потешкотии во иднина во целост да се отстранат.
Овој Работен состанок претствува одличен пример на меѓусебна соработка на Комората и Агенцијата, којашто и понатаму треба да се унапредува и развива, сè со цел да се обезбеди повисок квалитет на геодетските услуги, како во сферата на приватниот сектор, така и во рамките на Агенцијата.


 

Ова е пример на позитивно искуство на размена на информациите и искуствата што ќе се практикува и во иднина.