Ново упатство за физичка делба на катастарска парцела која претставува градежно земјиште

Во заедничка координација на Комората на Трговци поединци овластени геодети и трговски друштва на Република Македонија, Агенцијата за Катастар на Недвижности и Министерството за Транспорт и Врски како и на граѓаните на Република Македонија, на големо задоволство за сите засегнати, донесено е ново упатство за физичка делба на катастарска парцела која претставува градежно земјиште.

Со тоа  се зголемуваат сервисните домени на приватните геодетски фирми, и на граѓаните им се овозможува поголем степен на управување со недвижностите кои ги поседуваат.

Согласно ова упатство, физичка делба на катастарска парцела која претставува градежно земјиште може да се врши во секое време по барање на сопственикот, освен во случаи кога физичките и правните лица се сопственици на посебни делови од објекти или објекти во етажна сопственост (зграда со два или повеќе станови, деловни простории, визби, гаражи и други посеби делови што им припаѓаат на две или повеќе лице), согласно со одредбите од Законот за сопственост и други стварни права.

Што се однесува до легализацијата на бесправно изградените објекти, од вкупно поднесени 440 000  барања за легализација до општините, од кои 360 000 во првиот пријавен рок и 80 000 во вториот пријавен рок, приватните геодетски фирми имаат изработено околу 250 000 елаборати за легализација.

Апелирам  до граѓаните кои имаат поднесено барање до општините за легализација, како и до компаниите кои не поседуваат соодветна градежно-техничка документација за инфраструктурите изградени во минатото,  што поскоро да се обратат до приватните геодетски фирми за изработка на геодетски елаборати со што би се запазиле кратките дадените рокови.