Од денеска наплатата за заверка на геодетските елаборати ќе биде вклучена во еКат шалтер

Почитувани,

Ве известуваме дека почнувајќи од 11.07.2016 (понеделник), наплатата за заверка на геодетските елаборати изработени за недвижности за кои графичките податоци од катастарските планови се интегрирани со алфанумеричките податоци (еКат графика), ќе биде вклучена во еКат шалтер во постапката „Издавање на податоци во дигитална форма“ (1017). Наплатата на заверката ќе биде прикажана на крај во документот Potvrda_plateno.pdf. За останатите геодетски елаборати нема промени во однос на начинот на наплата на заверка.