Обука за заштита на личните податоци

Почитувани колеги,

Врз основа на Законот за заштита на лични податоци, ве информираме дека претседателот на Комората, м-р Борис Тунџев и директорот на  Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА од 22.02.2016 година со кој официјално се воспоставува деловна соработка меѓу двете институции во делот на спроведување на законските прописи за заштита на тајноста на личните податоци со што се овозможува унапредување на професионалноста на приватната геодетска пракса преку имплементација на најдобрите практики и искуства во делот на заштита на личните податоци.

Целта на обуката е усогласување на работењето на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи со прописите за заштита на личните податоци. Оваа обука е исклучиво наменета за членките на Комората, односно Tрговските друштва за геодетски работи, коишто е потребно своето учество со по еден претставник од фирмата да го пријават на електронската адреса на Комората: info@geokomora.mk Во прилог на овој допис е прикачена Агендата за планираната обука, наменета за приватните геодетски фирми.

Воедно, ве информираме дека согласно Законот за заштита на личните податоци, во текот на 2016 година е донесен План за редовен инспекциски надзор, во чиј распоред се ставени и Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи од страна на Дирекцијата како надлежна институција,  којшто е прикачен во прилог на ова известување.

Согласно пријавувањето за обуката, во дописот до Комората е потребно да се наведе:

  • Име и презиме на претставникот на геодетската фирма, и доказ за извршена уплата во износ од 3.000,00 денари на сметката на Комората: 210063955620107, Депонент банка : НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: Надоместок за обука за заштита на лични податоци.

Термини за одржување на обуките се следните:

09.03.2016 година (среда) и

16.03.2016 година (среда).

Место на одржување на обуката е Дирекцијата за заштита на личните податоци со адреса: Бул. Гоце Делчев број 18 (зграда на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14), Скопје.

НАПОМЕНА: Ве замолуваме, пријавувањето за обуката за терминот на 09.03.2016 година да биде извршен најдоцна до 07.03.2016 година, а пријавувањето за терминот на 16.03.2016, најоцна до 14.03.2016 година.

Други вести и наслови

No comments found