Работилница- стручно советување од областа на архивското и финансиско-канцелариското работење

001На ден 23-ти декември 2015 година во хотел Континентал се одржа Работилница-стручно советување од областа на архивското и финансиско-канцелариското работење на трговските друштва за геодетски работи.

Овој настан во целост беше организиран од страна на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, а наменет исклучиво за членките на Комората, односно приватните геодетски фирми.
Во својство на презентер, од областа на архивското работење беше д-р Иван Алексов, претставник на Државниот архив на Република Македонија, додека тимот од Агенцијата за економско-правна поддршка и процена ПРО АГЕНС ДОО од Скопје беше задолжена за советувањето од областа на финансиско-канцелариското работење.
Присутниите имаа несекојдневна можност преку конкретните примери претставени од предавачите да се информираат и поблиску да се запознаат со погореспоменатата проблематика, која е неопходна практика во тековното работење на приватните геодетски фирми. За прв пат пред претставниците на геодетските фирми од цела Македонија, погореспоменатите презентери се обидоа да го пренесат своето знаење и со тоа да ги подобрат вештините на вработените во однос на овие сегменти од работењето на приватните геодетски фирми.
Овој настан присутните го оценија како многу корисен и успешен со желба Комората и понатаму да организира работилници од ваков карактер, кои овозможуваат простор за соработка и споделување на информации, корисни за развојот и работењето на приватните геодетски фирми, додека пак предавачите изразија задоволство и предизвик од покажаниот интерес на интерактивната публика.

По завршувањето на работилницата беше приреден Новогодишен коктел за сите присутни, со што дел од коктелот беше дониран во СОС детското село.

Повеќе фотографии од настанот

002 004 005

Други вести и наслови

No comments found