Собрание на Комората

Собранието е највисок орган на Комората, a истото го сочинуваат сите трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи запишани во Именикот на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи што го води Комората.

Собранието на Комората:

  • донесува Статут и други акти на Комората;

  • донесува Деловник за работа на Собранието;

  • избира и разрешува членови на Управниот одбор и Претседател на Комората;

  • ја усвојува годишната сметка за изминатата година и предлогот на финансискиот план за наредната година;

  • го разгледува и усвојува извештајот за севкупните активности на Комората;

  • донесува Кодекс на професионална етика на овластените геодети;

  • одлучува за висината на членарината и начинот на нејзиното плаќање;

  • одлучува за висината на надоместокот за претседателот и членовите на Управниот одбор на Комората за нивното работење;

  • разгледува прашања од значење за геодетската дејност во рамките на надлежноста на Комората;

  • разгледува прашања предложени од страна на Управниот одбор и Претседателот на Комората и други прашања од значење за остварување на активностите и целите на Комората;

  • одлучува по молби, жалби и приговори на одлуките на Управниот одбор;

  • одлучува за сите други прашања предвидени со Законот и Статутот на Комората.

Собранието на Комората се состанува редовно еднаш годишно на седница. Седниците на Собранието се јавни, но во исклучителни моменти Собранието на Комората може да одлучи седницата да не биде јавна. На редовната годишна седница Собранието на Комората одлучува за годишната сметка и за предлогот на финансискиот план за наредната година и го разгледува и усвојува извештајот за севкупните активности. Освен редовна работна седница, под посебни статутарни услови, може да биде свикана и вонредна работна седница.

Сeдниците на Собранието се подготвуваат од страна на Управниот одбор на Комората во соработка со Претседателот и стручната служба на Комората, во согласност со деловникот за работа на Собранието.

Во Собранието, трговците поединци, овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи ги претставува по еден претставник именуван од редот на вработените, овластени геодети и запишани во Именикот на овластени геодети на Агенцијата, односно застапникот по закон на трговското друштво за геодетски работи.

Кворумот за работа на редовна и вонредна седница на Собранието постои доколку се присутни најмалку половина од вкупниот број членови. Одлуките на Собранието се полноважни доколку се донесени со мнозинство гласови од присутните членови.

Секој член на Собранието има право на еден глас.