Промена на седиште на Геодетска фирма

Согласно промената на седиштето на фирмата до Комората, е потребно да се достави следно:
– Известување дека е извршена промена на седиштето на фирмата;
– Решение и тековна состојба од Централен Регистар со новата адреса;
– Договор за закуп, заверен кај нотар, со прилог Имотен лист со впишан Договор;
– Доказ за платен надоместок за промена на седиште во висина од 10,000,00 денари на сметката на Комората, 210 063 955 620 107, НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ;

Сите овие документи се доставуваат до Комората по пошта како копии со назнака, верно на оригинал и потпис од Управителот на фирмата.

Потоа се закажува термин за увид во новите простории од страна на Комисијата за лиценци и се изготвува записник, кој се разгледува на седница на Управен одбор и се носи одлука за изготвување на нова лиценца со новата адреса.