Лиценца за отварање на нова геодетска фирма

За издавање на Лиценца за отварање на нова геодетска фирма потребно е следново:

До Комората се доставува образец БАРАЊЕ (прикачено е во прилог на пораката).

Пополнетото Барање заверено со печат, потпис и деловоден штембил се доставува во два примероци, од кои едниот примерок со приемен штембил на Комората се враќа кон подносителот на истото заради негова евиденција.

Како прилози кон барањето се доставуваат сите документи што се наведени во Барањето.
Истите се доставуваат во копија, со назнака:
Копија верна на оригинал со печат од фирмата и потпис од управителот на секој поединечен документ.

Потоа, Комисијата, којашто е формирана од Комората го разгледува барањето и по претходно договорен термин со подносителот на барањето, излегува на увид на лице место и прави Записник. Доколку некој документ недостасува, во рок од 8 дена, сметано од датумот на извршениот увид, подносителот на барањето е потребно тој документ да го достави до Комората, во спротивно предметот на Управен одбор, ќе биде одбиен, а уплатата од 15.000.00 денари пропаѓа.

Потоа, повторно со ново барање за издавање Лиценца и со нова уплата од 15.000,00 на сметка на Комората, ќе може повторно да се обрати до Комората за истата процедура.

Изготвениот Записник од страна на Комисијата се разгледува на седница на Управен одбор на Комората, по што доколку е сè уредно, Управниот одбор носи одлука за издавање на Лиценца за работа на геодетската фирма, која лиценца е трајна и во наредните неколку денови се подига од Комората.

По однос на Полисата за осигурување, истата треба да биде на минимален износ од 30.000,00 евра во денарска противвредност.

По однос на обезбедувањето на Договорот за Е-шалтер составен од 10 страници, истиот е прикачен во прилог на пораката, а можете да го најдете на страната на Агенцијата за катастар на недвижности на www.katastar.gov.mk во делот Професионални корисници – Електронски шалтер.

Истиот се печати во 6 примероци, кои ги пополнувате со податоците на фирмата, Ваш деловоден број, печат од фирмата и потпис од управителот и сите шест примероци ги доставувате до Архивата на Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје (населба Автокоманда).

Отакако Договорот за Е-шалтер ќе биде потпишан од Директорот на Агенцијата, еден примерок приложувате кон Барањето за издавање на Лиценца.

За останатите потребни документи, подетални информации ќе најдете во Правилникот за Лиценца за геодетски работи (Сл.весник на РМ бр.132/2013), кој е прикачен кон пораката.


ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ


Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирате

Наташа Тринпаревска

Секретар на Комора на трговски
друштва за геодетски работи на РМ

Контакт:

Тел.:02/3220 449
Факс:02/321 66 54
mob.078/230 087
E-mail:info@geokomora.mk
www.geokomora.mk